Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
17 мај 2026
NGC 1300: Спирална галаксија со пречка
Kredit za sliku & autorska prava: NASA ESA, Hubble Heritage
Објаснување: Низ самиот центар на оваа спирална галаксија се протега огромна пречка. Во средиштето на таа пречка се наоѓа помала спирала, а во нејзиниот центар се крие супермасивна црна дупка. Сето тоа се наоѓа во големата и прекрасна спирална галаксија со пречка означена како NGC 1300, која се наоѓа на околу 70 милиони светлосни години од нас, во насока на соѕвездието Еридан. Оваа сложена снимка од Вселенскиот телескоп Хабл е едно од најдеталните Хаблови прикажувања на цела галаксија некогаш создадени. NGC 1300 се протега на повеќе од 100.000 светлосни години, а снимката открива впечатливи детали од нејзината доминантна централна пречка и величествените спирални краци. Како настанала оваа огромна пречка, како успева да се одржи и какво влијание има врз создавањето ѕвезди, сè уште останува активно поле на астрономски истражувања.
Утрешната слика:: Расплетување на спиралата
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин