Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


17 juni 2026

Лонгмор 8: Маглината „Тркало за хрчак“

Kredit za sliku & autorska prava: Mazlin, Parker, Forman, Magill, Hanson
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)

Објаснување: Како едно тркало за хрчак се нашло во вселената? Маглината „Тркало за хрчак“ (Longmore 8) била откриена од Ендру Лонгмор во 1976 година како дел од поголемо истражување на јужното небо. Во тоа истражување биле применети неколку подобрувања во фотографската технологија, вклучувајќи и употреба на многу чувствителен фотографски филм, што овозможило да се забележат подлабоки и послаби објекти на фотографски плочи кои потоа биле прегледувани и каталогизирани рачно. На прикажаната снимка, направена во Опсерваторијата Ел Саусе во Чиле, се гледа сложена структура налик на тркало составена од светлечки водород. Таа била исфрлена во вселената од ѕвезда што умира и подоцна јонизирана од преостанатото бело џуџе. Оваа структура била едвај видлива на оригиналната фотографска плоча, што јасно ја покажува моќта на современите телескопи и камери. Две спротивно поставени грутки од црвен водороден гас, опкружени со синкав превез од јонизиран кислород, укажуваат дека во близина на сјајното бело џуџе во центарот на тркалото можеби се наоѓа и придружна ѕвезда.

Утрешната слика:: Остаток од супернова?




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy