Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
18 juni 2026
Можен остаток од супернова во центарот на Галаксијата
Kredit za sliku & autorska prava:
X-ray: NASA/CXC/UCLA/Z. Zhu et al.; ESA/XMM-Newton; Optical: PanSTARRS; Radio: MeerKAT; Image Processing: NASA/CXC/SAO/L. Frattare and P. Edmonds
Text:
Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Го забележувате ли синиот облак во долниот десен дел од центарот на сликата? Астрономите сметаат дека тој го означува местото каде што масивна ѕвезда експлодирала како супернова, а нејзината светлина стигнала до Земјата пред околу 1.700 години. Сликата обединува оптички податоци од телескопите PanSTARRS на Хаваи (ѕвездите во позадина се прикажани во црвена, зелена и сина боја), радионабљудувања од телескопот MeerKAT во Јужна Африка (големиот црвен облак) и рендгенски податоци од опсерваторијата Chandra на НАСА и XMM-Newton на ЕСА (прикажани со сина боја). Големиот облак е област на создавање ѕвезди наречена Sagittarius C, со пречник од околу 50 светлосни години и оддалеченост од приближно 26.000 светлосни години од Земјата. Таа се наоѓа на само околу 260 светлосни години од супермасивната црна дупка во центарот на Галаксијата (надвор од кадарот, лево од сликата). Ако синиот облак навистина се потврди како остаток од супернова, тоа би бил еден од најблиските такви објекти откриени до галактичкиот центар. Во овој густ регион, смртта на масивните ѕвезди е на сложен начин поврзана со раѓањето на нови ѕвезди преку гасот и магнетните полиња.
Утрешната слика:: Винсент
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин