Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
17 април 2026
M82: Галаксија со ѕвездено раѓање и суперветер
Kredit za слику & autorska prava: Arnaud Malleval
Објаснување: Месје 82 е галаксија со интензивно раѓање на ѕвезди и силен суперветер. Всушност, преку експлозии на супернови и моќни ветрови од масивни ѕвезди, овој бран на создавање ѕвезди во М82 предизвикува огромен одлив на материја. Доказите за суперветерот од централните делови на галаксијата јасно се гледаат на овој остар телескопски приказ. Композитната слика вклучува 33 часа теснопојасни податоци, истакнувајќи емисија од долги нишки на атомски водород што истекуваат, прикажани во црвеникави нијанси. Дел од гасот во суперветерот, збогатен со тешки елементи создадени во масивните ѕвезди, на крајот ќе избега во меѓугалактичкиот простор. Поттикнат од блиска средба со соседната голема галаксија М81, овој силен бран на создавање ѕвезди во М82 би требало да трае околу 100 милиони години. Позната и како „Галаксија Пура“ поради својата издолжена форма, М82 има пречник од околу 30.000 светлосни години. Се наоѓа на оддалеченост од околу 12 милиони светлосни години, близу до северната граница на соѕвездието Голема Мечка.
Утрешната слика:: Само прашина
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин