Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
16 септември 2026
Погледот на Веб кон M64
Кредит за сликата & авторски права: Arnaud Mariat
Објаснување: Понекогаш, таму каде што Хабл открива темнина, Веб гледа светлина. Пример за тоа се денешните композитни слики од Месје 64 (M64), блиска спирална галаксија позната под повеќе имиња. Темниот појас од прашина, кој делумно го Зкрива нејзиното сјајно јадро, ѝ го донесе прекарот „Галаксија Црно око“. Инструментот за средна инфрацрвена светлина (MIRI) на телескопот Веб ја регистрира таа прашина – прикажана во црвена боја – додека таа ја апсорбира и повторно ја емитува светлината од околните новородени ѕвезди. Овие млади ѕвезди се сместени во розови региони каде што се создаваат ѕвезди, прикажани на втората слика, која е снимена исклучиво од Хабл. Внатрешните и надворешните региони со гас во M64 ротираат во спротивни насоки, создавајќи области со засилено ѕвездообразба таму каде што овие две „струи“ на гас се среќаваат и се збиени една со друга. Спротивните движења на надворешниот гас веројатно се последица на спојувањето на M64 со помала галаксија. Некогаш се сметало дека спиралните галаксии имаат мирна историја. M64 послужи како клучен доказ дека спиралните галаксии – вклучително и Млечниот Пат – можат да доживеат и навистина доживуваат спојувања. Погледот на Веб кон M64 ќе им открие на астрономите детали за структурата, движењето и составот на галаксиската прашина и ќе обезбеди контекст за историјата на спојување и еволуцијата на оваа галаксија.
Утрешната слика:: Богатство
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин