Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


16 март 2026

NGC 1566: Галаксијата Шпанска танчерка

Kredit za sliku & autorska prava: ESA/Hubble & NASA, D. Calzetti & the LEGUS Team, R. Chandar

Објаснување: Ако не е совршена, тогаш оваа спирална галаксија барем е една од најфотогеничните. Овој островски универзум, кој содржи милијарди ѕвезди и се наоѓа на околу 40 милиони светлосни години оддалеченост во насока на соѕвездието Дорадо (Златна риба), NGC 1566 ни нуди прекрасен поглед директно кон нејзиниот диск. Класифицирана како спирална галаксија со изразена структура, NGC 1566 покажува две истакнати и грациозни спирални краци, обележани со светли сини ѕвездени јата, црвени емисиони маглини и темни ленти од космичка прашина. Бројни снимки од Вселенскиот телескоп Хабл на NGC 1566 се направени за проучување на создавањето ѕвезди, суперновите и необично активното јадро на оваа спирала. Сјајното јадро на NGC 1566 ја прави оваа галаксија една од најблиските и најсветлите Сејфертови галаксии, веројатно со централна супермасивна црна дупка што предизвикува вистински хаос меѓу околните ѕвезди и гас.

Утрешната слика:: Отворен простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy