Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


16 juni 2026

Месечини, прстени, сенки, облаци: Сатурн (Касини)

Kredit za sliku & autorska prava: NASA, JPL-Caltech, Space Science Institute

Објаснување: Додека патувате околу Сатурн, обрнете внимание на живописните распоредувања на неговите месечини, прстени и сенки. Една таква впечатлива глетка се појавила во 2005 година и била снимена од вселенското летало Касини, кое тогаш орбитирало околу Сатурн. На прикажаната слика, месечините Мимас (лево) и Тетида (десно) се видливи од двете страни на тенките прстени на Сатурн, кои се гледаат речиси од работ. По горниот дел на планетата се протегаат темните сенки на широките прстени, откривајќи ја нивната импресивна сложеност. Сликата снимена во виолетова светлина ја истакнува текстурата на позадината: облаците на Сатурн. Касини орбитираше околу Сатурн од 2004 година до средината на 2017 година, кога роботското летало беше насочено да нурне во планетата за да се избегне можна контаминација на некоја од неговите месечини.

Утрешната слика:: Отворен вселенски простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy