Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
16 јули 2026
NGC 300: Космички скапоцен камен со ѕвезди и гасни облаци
Кредит за сликата & авторски права:
Team Ciel Austral Text:
Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Овој блескав, шарен скапоцен камен е спиралната галаксија NGC 300. Таа е една од најблиските спирални галаксии до Земјата, оддалечена само околу 6 милиони светлосни години. Но, дали навистина изгледа вака? Еве еден нејзин пореален приказ. Оваа необична слика ја спојува светлината од ѕвездите и прашината во галаксијата со светлината од јонизирани облаци на меѓуѕвезден гас, прикажани во црвена (сулфур), зелена (водород) и сина (кислород) боја. Со мешање на црвената и зелената светлина во различни размери се добива жолта или портокалова боја, која особено се истакнува на оваа слика. Светлината од други јонизирани гасови се користи и кај неонските реклами, флуоресцентните цевки и уличното осветлување. Овие огромни облаци од јонизиран гас најчесто ги создаваат млади, масивни ѕвезди кои испуштаат високоенергетско ултравиолетово зрачење, доволно силно за да го јонизира гасот. Во споредба со полесните ѕвезди, како нашето Сонце, масивните ѕвезди живеат многу пократко и на крајот од својот живот експлодираат како супернови. Можно е некои од овие шарени облаци да ги кријат остатоците од такви експлозии.
Утрешната слика:: Утрешна слика: Што следува?
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин