Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


17 јули 2026

Прашлива трага на кометата Темпел 2

Кредит за сликата & авторски права: Dan Bartlett

Објаснување: Кометата 10P/Темпел 2 орбитира околу Сонцето еднаш на секои 5,4 години. Во моментот е видлива со двоглед или со помали телескопи во насока на соѕвездието Јарец. На оваа остра телескопска снимка, направена на 11 јули, се гледа со светло јадро и убава зеленикава кома. Особено е впечатливо што покрај неа се забележува и тенка прашлива трага, а не вообичаена прашлива опашка, која се протега и источно и западно од јадрото на Темпел 2. За разлика од кометната прашлива опашка, која привремено се шири во насока спротивна од Сонцето, оваа прашлива трага е составена од преостаната прашина што кометата ја исфрлала во текот на многубројните претходни обиколки долж орбиталната рамнина на оваа древна периодична комета. Всушност, од нашата гледна точка прашливата трага на Темпел 2 може да изгледа малку потесна и посветла кога Земјата на 20 јули ќе ја пресече орбиталната рамнина на кометата. Кометата 10P/Темпел 2 ќе го достигне перихелот на 2 август, а најблиску до Земјата ќе се најде на 3 август.

Утрешната слика:: Утрешна слика: Антисончевиот хоризонт




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy