Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


15 март 2026
A grand Mayan Pyramids is shown below a starry sky highlighted
by the band of the Milky Way and the planets Saturn and Jupiter.
Please see the explanation for more detailed information.

Рамноденица кај пирамидата на Перјестиот Змиј

Kredit za sliku & autorska prava: Robert Fedez

Објаснување: За да се види како перјестиот змиј се спушта по мајанската пирамида потребно е извонредно прецизно време. Треба да го посетите Ел Кастиљо — на полуостровот Јукатан во Мексико — во близина на рамноденица. Потоа, во доцните попладневни часови, ако небото е ведро, сенките на самата пирамида создаваат триаголници што се спојуваат во прочуената илузија на змија што се лизга. Позната и како Храмот на Кукулкан, оваа впечатлива степенеста пирамида е висока 30 метри и широка 55 метри во основата. Изградена како низа квадратни тераси од страна на претколумбиската цивилизација помеѓу 9 и 12 век, оваа градба може да се користи како календар и е позната по своите астрономски усогласувања. Прикажаната композитна слика е направена во 2019 година, со Јупитер и Сатурн поставени од двете страни на дијагоналната централна лента на нашата галаксија Млечен Пат. За неколку дена повторно ќе настапи рамноденица — не само кај Храмот на Кукулкан, туку насекаде на планетата Земја.

Утрешната слика:: Танцувачка галаксија




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy