Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
15 juni 2026
Троен ударен бран од ракета што го преминува Сонцето
Kredit za sliku & autorska prava: John Winkopp (WAI Media)
Објаснување: Што се случува со оваа ракета што го преминува Сонцето? Ракетата SpaceX Falcon 9, видлива горе лево, беше лансирана само околу една минута пред да биде снимена оваа извонредна фотографија. Додека се искачуваше кон ниската орбита околу Земјата од Cape Canaveral, кон крајот на мај, ракетата достигна надзвучна брзина пред да го премине дискот на далечното Сонце — гледано од позицијата на одлично поставениот фотограф. Големата брзина предизвика формирање на ударни бранови од компримиран воздух во облик на лак долж предните површини на леталото, при што најмалку три се видливи дури и надвор од сончевиот диск затоа што ја прекршуваат сончевата светлина. Издувните гасови зад ракетата создадоа турбуленции што се забележуваат во долниот десен дел од сликата. Ништо од ова не ѝ наштети на роботската мисија Starlink 10-53, која според планот испорача 29 комуникациски сателити во ниска орбита околу Земјата. И ако сето тоа не е доволно неверојатно — Сонцето имаше и дамки!
Утрешната слика:: Прстени и месечини
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин