Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
14 октомври 2026
Марс и јатото „Кошница“ под поларна светлина
Кредит за сликата & авторски права: Petr Horálek (Institute of Physics in Opava), Josef Kujal, Vojan Höfer
Објаснување: Каква космичка случајност! На денешната слика, Марс се наоѓа до јатото „Кошница“ (M44 или *Praesepe*), под завеса од поларна светлина и над хоризонт со весели мали дрвја во близина на Лансјерв, Шведска. Ерупција од Сонцето стигна до Земјата на 10 октомври 2026 година, предизвикувајќи силни нарушувања во магнетното поле на планетата. Енергетските честички од ерупцијата се судираат со молекулите во атмосферата на Земјата и ги возбудуваат, при што тие ја ослободуваат вишокот енергија во вид на шареноликата поларна светлина прикажана овде. Поларните светлини – или *guovssahasat* на јазикот на северните Сами – традиционално се доживуваат со почит од народот Сами, кој е домороден во Шведска и во другите арктички региони. Случајно, во тоа време на небото, Марс изгледаше како да е најблиску до центарот на јатото „Кошница“. Иако пчелите биле во вселената, јатото „Кошница“ всушност претставува рој од млади ѕвезди. Нивните периоди на ротација ѝ помогнаа на човештвото да дознае како ѕвездите ротираат побавно со текот на времето, додека ја губат својата маса преку ѕвездените ветрови.
Утрешната слика:: Отворена вселена
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин