Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
15 октомври 2026
Млечниот Пат над Менхетен
Кредит за сликата & авторски права: Jason Kurth, Ty Buckley
Објаснување: Во „Градот што никогаш не спие“, градските светла ги засенија ѕвездите. Кој би помислил дека Млечниот Пат би можел да се види на ова небо? Оваа слика е направена со филтер што го блокира поголемиот дел од видливата светлина, пропуштајќи ја само светлината од блискиот инфрацрвен дел на електромагнетниот спектар (која има помала енергија од видливата светлина). Генијалниот пристап на астрофотографот овозможува блокирање на најголемиот дел од светлосното загадување во градот: старите светилки со вжарено влакно и некои неонски светилки сè уште светат во блискиот инфрацрвен опсег, но флуоресцентните и ЛЕД-светилките – не. Се разбира, и ѕвездите светат во блискиот инфрацрвен опсег! Оваа слика нè потсетува дека сите живееме под исто небо, а астрономијата ни овозможува да дознаеме повеќе за местото на човештвото во Космосот.
Утрешната слика:: Во потрага по МСС (Меѓународната вселенска станица)
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин