Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
14 март 2026
Година на K2-315b
Kredit za sliku & autorska prava: NASA Ames/JPL-Caltech/T. Pyle, Christine Daniloff, MIT
Објаснување: Сакате да посетите планета на која една година трае само 3,14 дена? Тогаш испланирајте патување до K2-315b, планета со големина на Земјата што орбитира околу студена, црвена ѕвезда од типот M еднаш на секои приближно 3,14 дена. Откривањето на оваа егзопланета, засновано врз јавно достапни податоци од проширената мисија K2 на телескопот Kepler, кој бара планети, беше објавено во 2020 година. Измерениот орбитален период на K2-315b во денови е речиси еднаков на исклучително популарниот ирационален број π. Тоа ја поставува егзопланетата толку блиску до нејзината матична ѕвезда што нејзината површина веројатно е многу топла — всушност жешка како во печка. А оваа „π-планета“ се наоѓа на повеќе од 185 светлосни години од нас. Затоа, наместо да се обидувате да организирате меѓуѕвезден одмор до K2-315b, веројатно постојат полесни и поудобни начини да го прославите Денот на бројот π овде, на планетата Земја.
Утрешната слика:: Рамноденица кај пирамидата
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин