Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
14 мај 2026
Месјеовиот каталог во иста размера
Kredit za sliku & autorska prava:
Sylvain Villet
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Кои се некои од најинтересните астрономски објекти што можете да ги видите на ноќното небо? Ако имате добар двоглед или мал телескоп, и живеете на Северната хемисфера, можете да ги побарате многу познатите објекти од Месјеовиот каталог. Повеќето од нив, иако не сите, можат да се видат и од јужната половина на Земјата. На денешната слика се прикажани сите 110 објекти од каталогот во иста размера — со исто зголемување. Шарл Месје го создал каталогот во XVIII век. Тој бил заинтересиран за комети, а неговиот каталог претставувал список на познати „објекти што треба да се избегнуваат“ при набљудување и потрага по комети. Објектите од длабокото небо во каталогот вклучуваат остаток од супернова (Раковидната Маглина, M1), други галаксии (како Андромеда, M31), маглини (на пример Орионовата Маглина, M42 — област каде што се создаваат ѕвезди) и ѕвездени јата (како Плејадите, M45 — младо и сјајно отворено јато).
Утрешната слика:: Галаксии во заемно дејство
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин