Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


15 мај 2026

R3 PanSTARRS: Комета во Орион

Kredit za sliku & autorska prava: Chester Hall-Fernandez

Објаснување: Кометата R3 PanSTARRS можеби најмногу ќе остане запаметена како комета на Орион. Главната причина е тоа што кометата C/2025 R3 (PanSTARRS) се појави во својот највпечатлив период — особено по видливоста на нејзината опашка — токму додека минуваше пред ова препознатливо соѕвездие. Иако тоа е ретка појава, и други светли комети низ историјата поминувале низ Орион, меѓу нив Lovejoy во 2015 година, Hale-Bopp во 1997 година и Големата комета од 1264 година. Најдобро видлива на фотографии со долга експозиција, оваа снимка е направена минатата недела од планинскиот венец Craigieburn во Нов Зеланд. Во длабочината на позадината се гледаат Маглината Орион, Barnard’s Loop, а низ опашката на R3 блеска и ѕвездата Saiph — шестата најсјајна ѕвезда во соѕвездието Орион. Кометата R3 PanSTARRS продолжува постепено да бледее додека се движи сè подалеку кон југ и во наредните денови ќе премине во соѕвездието Еднорог (Monoceros).

Утрешната слика:: Аурора бурито




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy