Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
14 juni 2026
10 дена на Венера и Јупитер
Kredit za sliku & autorska prava: Aditya Pawar
Објаснување: Венера и Јупитер можеби неодамна го привлекоа вашето внимание. Неодамнешната блиска конјункција на двете најсјајни планети на вечерното небо беше тешко да остане незабележана. Со Јупитер поставен погоре, нивното приближување беше документирано секојдневно од 30 мај до 8 јуни, прикажано одлево надесно во избраните панели снимени во Махараштра, Индија. Близу западниот хоризонт, боите на вечерното небо и експозициите употребени за секој панел зависеле од локалните услови во близина на зајдисонцето. При нивното најголемо приближување на 9 јуни, небесниот пар изгледаше оддалечен само околу три ширини на полна Месечина. Секако, на тој датум двете планети всушност беа разделени со повеќе од 600 милиони километри во своите орбити околу Сонцето. Во наредните денови Јупитер постепено ќе се изгуби во сјајот на зајдисонцето, додека Венера ќе продолжи да се оддалечува од Сонцето на западното небо и уште повеќе ќе се истакнува во својата сегашна улога на блескава вечерна ѕвезда.
Утрешната слика:: Троен сончев ударен бран
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин