Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
14 јануари 2026
M51: Вртложната галаксија
Кредит за слика & авторски права: Michael Sleeman
Објаснување: Вртложната галаксија е класична спирална галаксија. Таа е оддалечена само околу 30 милиони светлосни години и широка цели 60 илјади светлосни години, а M51, позната и како NGC 5194, е една од најсјајните и најфотогеничните галаксии на небото. Прикажаната длабинска слика е дигитална комбинација од снимки во различни бои, собрани во текот на 58 часа со телескоп од Лиџијанг во Кина. Сепак, секој што има добар пар двогледи може да ја забележи оваа вртложна галаксија во правец на соѕвездието Ловечки Кучиња (Canes Venatici). M51 е спирална галаксија од тип Sc и доминантен член на цела група галаксии. Астрономите претпоставуваат дека спиралната структура на M51 е првенствено резултат на нејзината гравитациска интеракција со помалата галаксија веднаш над неа.
Утрешната слика:: Отворен вселенски простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин