Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


15 јануари 2026

Платон и Лунарните Алпи

Кредит за слика & авторски права: Luigi Morrone

Објаснување: Кратерот Платон, широк 95 километри и со темно дно, заедно со осветлените врвови на Лунарните Алпи, се истакнува на оваа остра телескопска снимка од површината на Месечината. Додека Алпите на планетата Земја се издигале во текот на милиони години како резултат на бавното судирање на континенталните плочи, Лунарните Алпи најверојатно се формирале при ненадеен судир што го создал огромниот ударен басен познат како Море на дождовите. Под планинскиот венец се забележува генерално мазното дно на морето, поплавено со лава. Изразената, речиси совршено права долина што ги сече планините е Алпската долина. Поврзувајќи го Море на дождовите со северното Море на студот, долината се протега кон горниот десен дел од сликата, со должина од околу 160 километри и ширина до 10 километри. Се разбира, големата и светла планина во Лунарните Алпи, под и десно од кратерот Платон, го носи името Мон Блан. Без атмосфера, а камоли снег, Лунарните Алпи веројатно не се идеално место за зимски одмор. Сепак, скијач тежок околу 68 килограми на Земјата, на Месечината би тежел само околу 11 килограми.

Утрешната слика:: Пиксели во вселената




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy