Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


13 септември 2026

Изгревот на кометата NEOWISE над Јадранското Море

Кредит за сликата & авторски права: Paolo Girotti

Објаснување: Оваа глетка беше вредна за станување рано од кревет. Пред нешто повеќе од четири години, кометата C/2020 F3 (NEOWISE) изгреа пред зората, на големо задоволство на љубителите на северното небо кои биле будни во тој раен час. Станувајќи пред изгрејсонце на 8 јули, фотографот успеа на драматичен начин да ја овековечи една од ретките комети видливи со голо око во овој век – натрапник од внатрешниот дел на Сончевиот Систем, кој стана познат како Големата комета од 2020 година. Видеото го прикажува изгревот на кометата NEOWISE над Јадранското Море, снимен од Италија. Ова видео со забрзано прикажување (time-lapse) комбинира повеќе од 240 фотографии направени во текот на 30 минути. Кометата е прикажана како изгрева на позадината на далечни ѕвезди, додека во преден план се гледаат светли и брановидни ноќни светлечки облаци. Кометата NEOWISE остана неочекувано сјајна повеќе од еден месец, а се покажа дека нејзините опашки од јони и прашина потекнуваат од јадро со пречник од околу пет километри.

Утрешната слика:: Елементарниот ти




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy