Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
14 септември 2026
Од каде потекнуваат вашите елементи
Кредит за сликата & авторски права: NASA GSFC's SVS
Објаснување: Водородот во вашето тело, како и оној присутен во секоја молекула вода, потекнува од Големата експлозија. Во вселената не постојат други значајни извори на водород. Јаглеродот во вашето тело е создаден преку нуклеарна фузија во внатрешноста на ѕвездите, исто како и кислородот. Голем дел од железото во вашето тело настанало за време на експлозии на супернови – настани што се случиле многу одамна и далеку од нас. Златото во вашиот накит веројатно потекнува од неутронски ѕвезди, создадено при судири што можеби биле видливи како краткотрајни блесоци на гама-зрачење или како настани поврзани со гравитациски бранови. Елементи како фосфорот и бакарот се присутни во нашите тела во мали количини, но се неопходни за функционирањето на сите познати форми на живот. Прикажаната периодниот систем е обоен така што ги означува најдобрите претпоставки на човештвото за нуклеарното потекло на сите познати елементи. Местата на нуклеарно создавање на некои елементи, како што е бакарот, сè уште не се доволно познати и претставуваат предмет на тековни набљудувачки и компјутерски истражувања.
Утрешната слика:: Тројно Сонце
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин