Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


13 март 2026

Tраги од целосното затемнување над Тулондо

Kredit za sliku & autorska prava: Jason Perry

Објаснување: Во овој композитен ноќен пејзаж на небото, насобраните експозиции исцртуваат елегантни ѕвездени траги над езерото Тулондо во Викторија, Австралија, на планетата Земја. Снимките се направени додека беше во тек лунарното затемнување на 3 март, а употребените експозиции потекнуваат од едночасовната фаза на целосно затемнување. Затоа слабите ѕвездени траги се лесно видливи, заедно со трагата на зацрвенетата Месечина во затемнетото небо над езерото и дрвјата. Секако, привидното движење на Месечината и ѕвездите прикажано во овој тајмлапс-композит го одразува дневното вртење на Земјата околу својата оска. Драматично нагласувајќи ја трагата на Месечината кога целосноста завршува, во сцената е вметната една посебна телефото-снимка од целосно затемнетата Месечина, размерена и внимателно споена со останатиот призор.

Утрешната слика:: Потенцијална π-планета




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy