Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
13 мај 2026
NGC 188: Старо јато во Новиот општ каталог
Kredit za sliku & autorska prava: Neven Krcmarek
Објаснување: Новиот општ каталог на ѕвездени јата и маглини навистина не е толку нов. Всушност, беше објавен во 1888 година - обид на Џ. Л. Е. Драјер да ја консолидира работата на астрономите Вилијам, Каролина и Џон Хершел, заедно со други, во еден корисен, комплетен каталог на астрономски откритија и мерења. Работата на Драјер беше во голема мера успешна и е сè уште важна денес, бидејќи овој познат каталог продолжува да го позајмува својот „NGC“ на светли јата, галаксии и маглини. Земете го за пример ѕвезденото јато познато како NGC 188 (број на ставка 188 во компилацијата NGC). Се наоѓа на околу 6.000 светлосни години оддалеченост во северното соѕвездие Кефеј и претставува галактичко или отворено ѕвездено јато. Со возраст од околу 7 милијарди години, NGC 188 е стар за отворено јато. Неговите стари, еволуирани црвени џиновски ѕвезди имаат жолтеникави нијанси во овој шарен, длабок поглед на небото. NGC 188 исто така ја има ознаката Caldwell 1 во модерна компилација на објекти од длабокото небо. Сместена далеку над рамнината на Млечниот Пат и гледана во правец на северниот небесен пол на планетата Земја, древната ѕвездена група е позната на некои како јатото Polarissima.
Утрешната слика:: Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин