Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


13 juni 2026

Меѓупланетарна Земја

Kredit za sliku & autorska prava: Cassini Imaging Team, SSI, JPL, ESA, NASA & NASA /JHU Applied Physics Lab / Carnegie Inst. Washington

Објаснување: Во еден меѓупланетарен преседан, на 19 јули 2013 година Земјата беше фотографирана во истиот ден од два други света во Сончевиот Систем: од највнатрешната планета Меркур и од прстенестиот гасен џин Сатурн. На сликата лево, Земјата е бледосината точка веднаш под прстените на Сатурн, снимена од роботското вселенско летало Cassini, кое тогаш орбитираше околу најоддалечениот гасен џин. Истиот ден, луѓето ширум Земјата направија и многубројни свои фотографии од Сатурн. На десната страна, системот Земја-Месечина се гледа на темната позадина на вселената, снимен од вселенското летало MESSENGER, свртено кон Сонцето и тогаш во орбита околу Меркур. MESSENGER ја направил оваа снимка како дел од потрагата по мали природни сателити на Меркур, месечини кои се очекувало да бидат многу слаби. На снимката од MESSENGER, посветлите Земја и Месечина се преекспонирани и силно блескаат во одразената сончева светлина. Осудени никогаш повеќе да не се вратат во својот матичен свет, и Cassini и MESSENGER оттогаш ги завршија своите мисии за истражување на Сончевиот Систем.

Утрешната слика:: Планети во минување




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy