Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


13 јануари 2026

Сончев еруптивен настан од SDO

Кредит за слика & авторски права: NASA, SDO, AIA, Helioviewer; Processing & Text: Ogetay Kayali (MTU)

Објаснување: Што токму скокна од Сонцето? Висока структура од сончева плазма ненадејно се издигна од површината на Сонцето и се разви во вселената — структура толку голема што во неа лесно би можеле да се сместат многу Земји — означувајќи го почетокот на драматично исфрлање на коронална маса (CME). Настанот е снимен со впечатливи детали кон крајот на 2024 година од страна на соларната опсерваторија на НАСА, Solar Dynamics Observatory (SDO), чие континуирано набљудување ги подобрува прогнозите за вселенското време и ѝ помага на човештвото подобро да разбере како сончевата активност влијае врз сателитите, GPS-системите, радио-комуникациите и електричните мрежи на Земјата. Прикажаното видео комбинира три екстремно-ултравиолетови погледи од инструментот Atmospheric Imaging Assembly (AIA) на SDO, откривајќи како плазмата со различни температури се издигнува нагоре додека ерупцијата се одвива. Тука, црвената боја го истакнува постудениот и погуст материјал подигнат од пониската атмосфера на Сонцето, додека жолтата ги следи потоплите, милион-степенски коронални јамки што се протегаат нанадвор додека магнетните полиња се отвораат. По главниот изблик, магнетните полиња на Сонцето брзо се пренаредуваат.

Утрешната слика:: Вртложен базен




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy