Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


12 септември 2026

Аполо 11: Фаќање сончеви зраци

Кредит за сликата & авторски права: Apollo 11, NASA (Image scanned by Kipp Teague)

Објаснување: Сјајна сончева светлина блеска додека долги, темни сенки ја исцртуваат оваа слика од површината на Месечината. Таа е направена на 20 јули 1969 година од страна на астронаутот од мисијата „Аполо 11“, Нил Армстронг – првиот човек што зачекорил на месечевата површина. На сликата се прикажани лунарниот модул на мисијата, „Орел“ (Eagle), и пилотот на модулот, Баз Олдрин, облечен во вселенски костим. Олдрин одмотува долг лист од фолија, дел од експериментот за проучување на составот на сончевиот ветер. Поставена така што е свртена кон Сонцето, фолијата ги заробувала честичките што струеле нанадвор со сончевиот ветер, при што се собирал примерок од материјал од самото Сонце. Заедно со 22 килограми месечеви карпи и примероци од месечевата почва, собирачот на сончев ветер бил вратен на Земјата за анализа во лаборатории.

Утрешната слика:: Ноќно прозрачна комета




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy