Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
12 март 2026
Речиси целосно вртење на Уран
Kredit za video & autorska prava: William Vrbasso
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: За првпат сведочиме како надворешната планета Уран излегува во центарот на вниманието и прави своевидно космичко вртење. Уран е една од најнеобичните планети во Сончевиот Систем, навалена на страна и ротира како печено пиле на ражен. Прикажаното видео е составено од повеќе од 1000 спектри снимени во текот на 15 часа непрекинато набљудување со инструментот NIRSpec на JWST додека Уран се врти. Податоците го прикажуваат однесувањето на јоносферата на Уран — јонизираниот слој од атмосферата на една планета кој силно взаемодејствува со нејзиното магнетно поле. Розевкастото светкање на поларната светлина го следи сложеното заемно дејство меѓу несовпаѓањето на ротационата и магнетната оска на Уран. Облаците се гледаат како светли точки што се движат преку ледениот џин. Сините до црвените бои претставуваат премин од пониски кон повисоки височини и прикажуваат сосема нов тридимензионален поглед на тоа како енергијата се распределува низ атмосферата на планетата. На сликата лево, целата сцена е врамeна од прстените на Уран. Ова е досега најдеталниот поглед во атмосферата на Уран!
Утрешната слика:: Среќни патеки
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин