Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


12 juni 2026

Венера и Јупитер: Конјункција над Авбери

Kredit za sliku & autorska prava: Josh Dury

Објаснување: За да ги видите Венера и Јупитер заедно овој месец, нема да ви бидат потребни двоглед, па дури ни телескоп. Доволно е да погледнете кон небото по зајдисонце, кога тие ќе се појават над западниот хоризонт додека небото постепено потемнува. Всушност, на 9 јуни двете најсјајни планети беа во блиска конјункција, разделени на небото со помалку од 2 степени од нашата перспектива. Бидејќи (посјајната) внатрешна планета Венера орбитира околу Сонцето побрзо од надворешната планета Јупитер, таа ја достигнува и ја претекнува по еклиптиката приближно на секои 13 месеци. Но, на секои околу три години нивната конјункција се случува доволно далеку од Сонцето за лесно да може да се набљудува на земјиното самракно небо. На 9 јуни нивниот близок „космички бакнеж“ беше снимен покрај двата големи исправени камења во внатрешноста на камениот круг стар околу 4.000 години во Avebury Stone Circle во Обединетото Кралство. Поголем од Stonehenge, комплексот Авбери со својот хенџ и камен круг се смета за едно од најзначајните неолитски церемонијални места на планетата Земја.

Утрешната слика:: Светлосен викенд




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy