Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
12 јануари 2026
Метеорска прашина
Кредит за слика & авторски права: Xu Chen
Објаснување: Што се случува со овој метеорит? Тој ги отфрла своите надворешни слоеви додека минува низ атмосферата на Земјата и се загрева. Наглите високи температури не само што оставаат сјаен траг, туку и ги топат и испаруваат карпите и мразот од кои е составен метеоритот, создавајќи прашина. Ветровите во атмосферата обично ја разнесуваат оваа прашина во следните секунди, така што по само неколку минути не останува видлива трага. Голем дел од таа прашина на крајот ќе се слегне на Земјата. Претставената слика е снимена кон средината на декември, во исто време со метеорскиот дожд Геминиди. Во горниот лев агол се наоѓа Сириус, најсјајната ѕвезда на ноќното небо, додека во преден план се гледаат магливо обвиените Хуангшан — Жолтите Планини во источна Кина.
Утрешната слика:: Лансирано од Сонцето
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин