Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
12 февруари 2026
Заливот на виножитата
Кредит за слика & авторски права: Olaf Filzinger
Објаснување: Темните, мазни области што го покриваат познатото лице на Месечината се нарекуваат со латински имиња за океани и мориња. Таа традиција на именување е историска, иако може да изгледа малку иронично за луѓето од вселенската ера, кои знаат дека Месечината е претежно сув и безвоздушен свет, а мазните темни области се ударни басени исполнети со лава. На пример, овој телескопски поглед на Месечината се простира преку северозападниот дел од Mare Imbrium, или Морето на дождовите, и навлегува во Sinus Iridum, Заливот на виножитата. Опкружен со планините Јура (montes), заливот е широк околу 250 километри. По локалното изгрејсонце, планините сочинуваат дел од ѕидот на ударниот кратер Sinus Iridum. Нивниот нерамен, со Сонцето осветлен лак е ограничен на врвот со ртот (promontorium) Лаплас, кој се издигнува речиси 3.000 метри над површината на заливот. На долниот крај од лакот се наоѓа ртот Хераклид, прикажан од Џовани Касини во неговите телескопски цртежи од 1679 година, во кои ја мапирал Месечината како девојка видена во профил, со долга, брановидна коса.
Утрешната слика:: Пријатели на Андромеда
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин