Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
13 февруари 2026
NGC 147 и NGC 185
Кредит за слика & авторски права: Chuck Ayoub
Објаснување: Џуџестите галаксии NGC 147 (лево) и NGC 185 стојат една до друга на овој длабок телескопски портрет. Овие две се поретко фотографирани сателитски галаксии на M31, големата спирална галаксија Андромеда, оддалечена околу 2,5 милиони светлосни години. Нивното растојание на небото, помало од еден степен во убаво видно поле кон соѕвездието Касиопеја, одговара на само околу 35 илјади светлосни години на растојанието на Андромеда, но самата Андромеда се наоѓа далеку надвор од ова поле. Посјајните и попознати сателитски галаксии на Андромеда, M32 и M110, се гледаат многу поблиску до големата спирална галаксија. NGC 147 и NGC 185 се идентификувани како двојни галаксии кои формираат гравитациски стабилен бинарен систем. Но, неодамна откриената бледа џуџеста галаксија Cassiopeia II исто така изгледа дека е дел од нивниот систем, создавајќи гравитациски врзана група во рамките на интересната популација на мали сателитски галаксии на Андромеда.
Утрешната слика:: Цветен аранжман
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин