Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
12август 2026
Персеидите над една мала планета
Кредит за сликата & авторски права:
Marcin Rosadziński
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Глетката наликува на поглед од планетата на Малиот Принц. Оваа слика нè навраќа на метеорскиот дожд Персеиди од 2024 година, опкружен во оваа проекција со планините Бјешчади во Полска. На небото се гледа лакот на Млечниот Пат, заедно со неколку маглини во црвена боја и повеќе од сто метеори, чии траги упатуваат кон радијантот. Персеидите лесно се забележуваат и се мошне популарни во текот на летото на Северната Хемисфера. (Со добра причина, набљудувањето метеорски дождови во зима е помалку пријатно.) Оваа година се очекува тие да приредат уште поблескав спектакл од вообичаениот, бидејќи нивниот максимум се совпаѓа со младата Месечина. Метеорскиот дожд Персеиди во 2026 година ќе го достигне својот максимум вечерва, со дури 50 до 100 метеори на час, додека Земјата минува низ остатоците што ги оставила кометата Свифт–Татл. Најповолното време за набљудување на метеорите обично е од полноќ до раните утрински часови. За да ги видите, нема да ви треба двоглед, но ќе ви помогнат удобна лежалка и место со темно небо.
Утрешната слика:: Што следува?
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин