Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


13август 2026

Целосно затемнување на Сонцето над Шпанија

Кредит за сликата & авторски права: Ruiyu Zhang
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)

Објаснување: На 12 август 2026 година, Месечината целосно го затемни Сонцето и ја фрли својата сенка над Сибир, Гренланд, Исланд, Шпанија и Португалија. Денешната слика прикажува две целосни затемнувања на Сонцето видени од Сарагоса, Шпанија, едно над Катедралата-базилика на Богородица од столбот, а другото се рефлектира во реката Ебро. За неколку моменти, Шпанија го виде своето прво големо целосно затемнување на Сонцето од 1905 година. Оние што го сведочат целосното затемнување може да доживеат студ во воздухот, смирување на птиците, збунето цврчење на инсектите и заедничката страхопочит на многумина. Време е короната да свети додека светлиот диск на Сонцето е блокиран од Месечината. Меѓу другите причини за проучување на затемнувањата, тие им помагаат на научниците да разберат зошто короната е милиони степени потопла од површината на Сонцето. Ентузијастичните граѓани можат да придонесат во овие студии со снимање како реагира дивиот свет, снимање на короната и следење на температурата на воздухот и облаците.

Утрешната слика:: Мистерија




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy