Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
11 септември 2026
M83: Јужното тркало
Кредит за сликата & авторски права:
Alessandro Merga
Text:
Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Прекрасната и светла спирална галаксија M83 се наоѓа на околу дванаесет милиони светлосни години од нас, во близина на југоисточниот крај на многу долгото соѕвездие Хидра. Нејзините истакнати спирални краци, исцртани со темни правливи појаси и сини јата од ѕвезди, ѝ го дале популарното име Јужно тркало. Но, црвенкастите области на создавање ѕвезди, расфрлани по спиралните краци на ова космичко тркало, инспирирале и друг прекар — Галаксијата на илјада рубини. Со пречник од само околу 40.000 светлосни години, M83 е помала од Млечниот Пат и е член на група галаксии во која се наоѓа и активната галаксија Кентаур A. Всушност, и јадрото на самата M83 е силно во рендгенскиот дел од спектарот, што укажува на голема концентрација од неутронски ѕвезди и црни дупки останати по еден интензивен период на создавање ѕвезди. На оваа остра телескопска снимка направена од Земјата се гледаат и ѕвезди од Млечниот Пат во преден план, како и далечни галаксии во заднината.
Утрешната слика:: Месечев сончев фаќач
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин