Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


11 juni 2026

Остаток од супернова на маглината Сирена

Kredit za sliku & autorska prava: Prikupkljanje podataka: Sy Ming Wong; Obrada: Guangyan Gao

Објаснување: Може ли Малата Сирена да се претвори во ѕвездена прашина наместо во морска пена? Изгледа дека може, барем во оваа прекрасна маглина. На прикажаната слика е маглината Сирена, позната и како маглината Риба Бета, која е дел од остатокот од супернова G296.5+10.0. Сината боја потекнува од двојно јонизиран кислород (OIII), додека длабоката црвена боја ја емитира водородниот гас. Се проценува дека се наоѓа на неколку илјади светлосни години оддалеченост и дека е стара околу 10.000 години. Маглината настанала кога масивна ѕвезда експлодирала како супернова. По експлозијата останал необичен пулсар — млад неутронски ѕвезден остаток без забележливо радио-зрачење, кој ротира приближно двапати во секунда. Светлите ѕвезди видливи на сликата не се поврзани со маглината. Пулсарот може да се открие во Х-зраците, но досега нема потврдена детекција во оптичката област на спектарот (видливата светлина). Поради тоа, самиот пулсар не е видлив на оваа слика.

Утрешната слика:: Астро-неолитско доба




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy