Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


10 септември 2026

LDN 1295: Маглината Жирафа

Кредит за сликата & авторски права: Alessandro Merga
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)

Објаснување: На што ве потсетува оваа слика? Многумина гледаат жирафа свртена надесно, со високо испружен врат и долги нозе во чекор (иако некои можеби ќе видат верверица). Прикажаната слика ја претставува LDN 1295, позната и како Маглината Жирафа, сместена во соѕвездието на митската кралица на Етиопија (Касиопеја). Станува збор за објект од Каталогот на темни маглини на Линдс (Lynds Catalogue of Dark Nebulas), составен во 1962 година од американската астрономка Беверли Линдс – пионерка за жените во астрономијата и астрофизиката. Темните маглини се меѓуѕвездени облаци од прашина и гас кои ја блокираат видливата светлина од ѕвездите зад нив. Овие маглини често се слабо видливи и претставуваат предизвик за астрофотографите. Зошто гледаме животински форми и лица во маглините, облаците, па и речиси насекаде? Тоа се должи на пареидолијата – нашата склоност да бараме познати обрасци. Пареидолијата може да им обезбеди еволуциска предност на животните, на пример, при препознавање (и избегнување) на грабливци.

Утрешната слика:: Слободно движење




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy