Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
10 октомври 2026
Далечната страна на Месечината
Кредит за сликата & авторски права: NASA / GSFC / Arizona State Univ. / Lunar Reconnaissance Orbiter
Објаснување: Поради плимното заклучување и синхроната ротација, Месечината секогаш ѝ ја покажува својата позната блиска страна на жителите на Земјата. Сепак, од орбитата околу Месечината, и нејзината далечна страна може да стане позната. Всушност, оваа остра слика – мозаик создаден од камерата со широк агол на леталото „Lunar Reconnaissance Orbiter“ – е центрирана токму на далечната страна на Месечината. Како дел од глобален мозаик составен од над 15.000 снимки направени во периодот од ноември 2009 до февруари 2011 година, верзијата со највисока резолуција прикажува детали со размер од 100 метри по пиксел. Изненадувачки, грубата и испресечена површина на далечната страна изгледа сосема поинаку од блиската страна, која е покриена со мазни, темни месечеви мориња. Веројатното објаснување е дека кората на далечната страна е подебела, што го отежнува излевањето на стопениот материјал од внатрешноста кон површината и формирањето на темни, мазни мориња.
Утрешната слика:: Недела
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин