Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
11 октомври 2026
Лов на космички неутрина во мразот
Кредит за сликата & авторски права: NSF, B. Gudbjartsson, IceCube Collaboration
Објаснување: Научниците топат дупки на крајниот југ на светот. Всушност, речиси 100 дупки стопени во близина на Јужниот пол сега служат како астрономска опсерваторија. Астрономите од опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ (IceCube) спуштија долги јажиња, на кои беа прикачени детектори за светлина со големина на кошаркарска топка, во секоја од овие вертикални „езера“. Водата во секоја дупка набрзо повторно замрзнува. Детекторите прикачени на јажињата се чувствителни на сина светлина што се емитува во околниот чист мраз. Таквата светлина настанува од брзодвижечки секундарни честички, ослободени кога неутрина со висока енергија – произведени од моќни процеси во вселената – се судираат со молекулите на мразот. „Ајс-кјуб“ досега има детектирано многу такви неутрина. На фотографијата од 2010 година е прикажано спуштањето на еден од последните низи детектори на „Ајс-кјуб“ во ледената бездна, со што овој проект стана најголемиот детектор за неутрина некогаш создаден. Како признание за овие откритија без преседан, претходно оваа недела беше објавено дека еден од водечките основачи на соработката „Ајс-кјуб“ ќе ја добие Нобеловата награда за физика.
Утрешната слика:: Планета и нејзините месечини
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин