Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
Сјајно небо над опсерваторијата Паранал
Kredit za video & autorska prava: Julien Looten
Објаснување: Дали ласерите од огромните телескопи се користат за одбрана на Земјата? Не. Ласерите што се испукуваат од телескопите денес најчесто се користат за да ја зголемат прецизноста на астрономските набљудувања. Во некои насоки, треперењата на ѕвездената светлина предизвикани од Земјината атмосфера можат да покажат како се менува воздушната маса над телескопот, но во други насоки нема доволно светла ѕвезда. Токму во тие насоки астрономите можат да создадат вештачка ѕвезда со помош на ласер. Потоа, набљудувањата на оваа ласерска водилка-ѕвезда откриваат исклучително детални информации за променливото заматување што го предизвикува Земјината атмосфера, така што голем дел од тој ефект може да се отстрани со брзо прилагодување на огледалото на телескопот. Овие техники на адаптивна оптика овозможуваат набљудувања со висока резолуција од Земјата на вистински ѕвезди, планети и маглини. На прикажаната слика, телескопите на опсерваторијата Паранал во Чиле проучуваат шарено небо исполнето со зелено воздушно светкање и Магелановите Облаци лево, црвено воздушно светкање десно, и величествениот централен појас на нашата галаксија Млечен Пат што се протега преку средината.
Утрешната слика:: Отворен вселенски простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин