Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
11 март 2026
CG 4: Глобулата и галаксијата
Kredit za video & autorska prava: William Vrbasso
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Дали ова е космичко чудовиште подготвено да проголта некоја невнимателна галаксија? За среќа, не е така. Црвеното „чудовиште“ прикажано на истакнатата слика е кометарната глобула CG 4, оддалечена околу 1.300 светлосни години во соѕвездието Корма (Puppis). CG 4 е молекуларен облак, каде што водородот станува доволно студен за да формира молекули кои потоа, под дејство на гравитацијата, можат да се соберат и да создадат ѕвезди. Обликот на CG 4 потсетува на комета, но нејзината „глава“ има пречник од околу 1,5 светлосни години, а „опашката“ е долга околу 8 светлосни години; за споредба, растојанието од Земјата до Сонцето изнесува само околу 8 светлосни минути. Астрономите сметаат дека опашката на ваква кометарна глобула можеби била обликувана од експлозија на блиска супернова или од зрачење од жешки, масивни ѕвезди. Навистина, CG 4 и другите блиски глобули се насочени наназад од остатокот од суперновата Вела, во центарот на маглината Gum. Спиралната галаксија ESO 257-19, која ја гледаме од страна, се наоѓа повеќе од сто милиони светлосни години зад CG 4 — и е сосема безбедна од ова „чудовиште“.
Утрешната слика:: Уран
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин