Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


10 јули2026

Западна Месечина, Источно Море

Кредит за сликата & авторски права: Guy Bardon

Објаснување: Mare Orientale, што на латински значи Источно Море, е едно од највпечатливите големи обележја на површината на Месечината. Тоа е најмладиот од големите ударни басени на Месечината, но од Земјата е многу тешко да се набљудува. Сепак, на оваа остра телескопска снимка, направена на 7 јули за време на поволен период на либрација — мало привидно нишање на блиската страна на Месечината — Источното Море може да се забележи во горниот десен дел од фотографијата. Поради аголот од кој го гледаме, големото месечево море изгледа силно скратено во перспектива и се протега долж западниот раб на Месечината. Ударниот басен, широк речиси 1.000 километри, настанал пред повеќе од 3 милијарди години при удар на астероид. Концентричните кружни структури што го опкружуваат претставуваат бранови во месечевата кора создадени од тој огромен удар. Тие, сепак, многу полесно се забележуваат на снимките направени директно од орбитата околу Месечината. Но, зошто Источното Море се наоѓа на западниот раб на Месечината? Причината е што обележјето Mare Orientale го добило своето име пред 1961 година. Тогаш била променета конвенцијата за означување на исток и запад на месечевите карти.

Утрешната слика:: Светлосен викенд




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy