Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
11 јули2026
Месје 24: Ѕвезден облак во Стрелец
Кредит за сликата & авторски права: Chuck Ayoub
Објаснување: За разлика од повеќето објекти во прочуениот каталог на длабоконебесни објекти на Шарл Месје, M24 не е сјајна галаксија, ѕвездено јато или маглина. Тој претставува празнина меѓу блиските меѓуѕвездени облаци од прав, кои вообичаено го закриваат погледот и ни овозможува да ги видиме далечните ѕвезди во спиралниот крак на соѕвездието Стрелец во нашата галаксија, Млечниот Пат. Ако го насочите погледот низ оваа „прозорска“ со двоглед или мал телескоп, ќе набљудувате простор широк повеќе од 300 светлосни години, исполнет со ѕвезди што се наоѓаат на околу 10.000 или повеќе светлосни години од Земјата. Понекогаш наречен и Малиот ѕвезден облак во Стрелец, M24 ги распослал своите блескави ѕвезди низ оваа прекрасна меѓуѕвездена глетка. Телескопското видно поле се протега на небото во правец на соѕвездието Стрелец на површина поголема од четири полни Месечини. Во неговиот централен дел се забележуваат темните облаци B92 и B93, а кон средиштето на Млечниот Пат се гледаат и други облаци од меѓуѕвезден прав и светлечки маглини.
Утрешната слика:: Школки и ѕвездени потоци
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин