Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
10 јануари 2026
Јупитер со Големата црвена дамка
Кредит за слика & авторски права: Christopher Go
Објаснување: Јупитер денес, на 10 јануари, ја достигнува својата опозиција во 2026 година. Тоа значи дека најмасивната планета во нашиот Сончев систем се наоѓа спроти Сонцето и е блиску до своето најмало растојание и најголема сјајност гледано од планетата Земја. Всушност, оваа остра телескопска снимка, направена пред само три дена, открива извонредни детали од вртложните облачни слоеви на владејачкиот гасен џин — светли појаси и темни ленти што го опкружуваат брзо ротирачкиот надворешен дел на планетата. Познатиот, долготраен антициклонски вртлог на Јупитер, наречен Големата црвена дамка, се наоѓа јужно од екваторот, долу десно. Но видливи се и две помали црвени дамки — една блиску до горниот дел во најсеверната зона и една во близина на јужниот пол на Јупитер. Иако е познато дека Големата црвена дамка се намалува, таа сè уште е приближно со големина на самата Земја.
Утрешната слика:: Галаксијата со широк обод
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин