Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
11 јануари 2026
M104: Sombrero галаксијата во инфрацрвено
Кредит за слика & авторски права: NASA, JPL, Caltech, SSC, R. Kennicutt (Steward Obs.) et al.
Објаснување: Овој лебдечки прстен е со големина на една галаксија. Всушност, тоа и е галаксија — или барем дел од неа: фотогеничната Сомбреро галаксија, една од најголемите галаксии во блискиот Јат на галаксии Девица. Темната лента од прав што го прикрива средишниот дел на Сомбреро галаксијата во видлива светлина, всушност силно свети во инфрацрвената светлина. Прикажаната слика, дигитално изострена, го покажува инфрацрвениот сјај, неодамна снимен од орбитирачкиот Спицеров вселенски телескоп, наложен во лажни бои врз постоечка слика направена со Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА во видлива светлина. Сомбреро галаксијата, позната и како M104, се протега на околу 50.000 светлосни години и се наоѓа на оддалеченост од 28 милиони светлосни години. M104 може да се види со мал телескоп во правец на соѕвездието Девица.
Утрешната слика:: Лебдење на метеор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин