Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


10август 2026

Три пара галаксии

Кредит за сликата & авторски права: Rafael Sampaio

Објаснување: Секој од овие парови галаксии е различен. Двете галаксии во горниот дел најверојатно не се во меѓусебна интеракција, барем засега. Сепак, горната галаксија со сината лента, NGC 4650A, е галаксија со поларен прстен и можеби настанала како последица од судир на галаксии во минатото. Двете галаксии во средината на сликата изгледаат како да би можеле гравитациски да влијаат една врз друга, но нивните релативни брзини покажуваат дека тоа е малку веројатно. Поголемата од нив, NGC 4650, е спирална галаксија со светла пречка од ѕвезди што се протега низ нејзиниот центар. Двете галаксии во долниот дел се во активна меѓусебна интеракција. Можно е по околу една милијарда години NGC 4622A и NGC 4622B да се спојат и да станат една галаксија. Сите овие галаксии најверојатно се членови на поголемото галактичко јато Кентаур

Утрешната слика:: Отворен простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy