Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


11август 2026

Шест Сатурнови месечини

Кредит за сликата & авторски права: Alexandre Trentini

Објаснување: Колку месечини има Сатурн? Иако нивниот вкупен број веројатно ќе продолжи да расте, во јуни 2026 година прстенестиот гасен џин имаше 293 потврдени месечини. Тоа е убедливо повеќе од која било друга планета во Сончевиот Систем, вклучувајќи го и владејачкиот гасен џин Јупитер, со само 115 потврдени месечини. Повеќето познати Сатурнови месечини се мали сателити со неправилна форма. Многу од нив имаат пречник од само неколку километри, па сè до помалку од еден километар, и се групирани во наклонети надворешни орбити. Сепак, шест од неговите најголеми сателити можат да се видат на овој остар телескопски семеен портрет на Сатурновиот систем, снимен на 5 август. Титан, со пречник од 5.150 километри, е поголем од Земјината Месечина, па дури и малку поголем од внатрешната планета Меркур, а на снимката се наоѓа долу десно. Можат да се забележат и големите ледени месечини Мимас, Тетида, Енцелад, Диона и Реја. Титан, првиот познат природен сателит на Сатурн, бил откриен во 1655 година од холандскиот астроном Христијан Хајгенс. Во текот на вселенската ера, откритијата на Војаџер и Касини дополнително го зголемија бројот на познати Сатурнови месечини.

Утрешната слика:: Пиксели во вселената




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy