Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


09 март 2026

Маглината Череп од телескопот Веб

Kredit za video & autorska prava: NASA, ESA, CSA, STScI; Processing: J. DePasquale (STScI)

Објаснување: Што се случува во „главата“ на оваа маглина? Наречена Exposed Cranium Nebula поради сличноста со човечкиот мозок, потеклото на оваа маглина сè уште останува мистерија. Една претпоставка е дека маглината Череп, позната и како PMR 1, е планетарна маглина што опкружува бело џуџе. Во тој случај, надворешната атмосфера била исфрлена кога првобитната ѕвезда слична на Сонцето го потрошила своето нуклеарно гориво во јадрото и се собрала. Друга можност е дека централната ѕвезда е многу помасивна, можеби ѕвезда од типот Волф–Раје, која исфрла гас и прашина преку турбулентни ѕвездени ветрови. Загатката дополнително ја продлабочуваат темната вертикална централна поделба и тенката надворешна гасовита обвивка. Прикажаната слика е направена со вселенскиот телескоп Веб во средно-инфрацрвена светлина, додека втората слика, прикажана како дополнителна, е во блиско-инфрацрвена. Идните набљудувања можеби ќе откријат дали овој „мозочест“ систем тивко ќе избледи со времето или, по многу години, одеднаш ќе еруптира во моќна супернова.

Утрешната слика:: Ласери од телескопи




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy