Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
09 juni 2026
Шлемот на Тор
Kredit za sliku & autorska prava: Josep Drudis, Christian Sasse
Објаснување: Тор не само што има свој ден (четврток), туку има и шлем на небото. Популарно наречен Шлемот на Тор, NGC 2359 е космички облак во облик на шапка со додатоци налик на крилја. Со големина достојна дури и за нордиски бог, Шлемот на Тор се простира на околу 30 светлосни години. Всушност, оваа космичка покривка за глава повеќе наликува на меѓуѕвезден меур, создаден од брзиот ѕвезден ветер што го исфрла сјајната и масивна ѕвезда близу центарот на меурот. Позната како Волф-Рајеова ѕвезда, централната ѕвезда е исклучително жежок џин за кој се смета дека се наоѓа во кратка фаза на развој непосредно пред експлозија како супернова. NGC 2359 се наоѓа на околу 15.000 светлосни години оддалеченост во насока на соѕвездието Големото Куче. Оваа остра фотографија е составена од длабоки снимки направени во светлина што ја емитуваат водородот (црвено) и кислородот (сино). Се очекува ѕвездата во центарот на Шлемот на Тор да експлодира како спектакуларна супернова во текот на следните неколку илјади години.
Утрешната слика:: Отворена вселена
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин