Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


09 јануари 2026

Ледени ореоли на месечина и сончева светлина

Кредит за слика & авторски права: Antonella Cicala

Објаснување: И Месечината и Сонцето создаваат прекрасни ледени ореоли на небото над планетата Земја. Всушност, двата најсјајни небесни светилници се опкружени со сложен систем од ледени ореоли на овие фотографии од небото над Шамони–Монблан во Франција. Панелите се снимени една ноќ (лево) и наредниот ден, на крајот од декември 2025 година. Слични ледени ореоли се појавуваат и на месечина и на сончева светлина, бидејќи сите се формираат благодарение на геометријата на рамни, хексагонални ледени кристали. Ледените кристали ја одбиваат и прекршуваат светлината додека треперат во студената атмосфера над планинското одморалиште. На сликите, и Месечината и Сонцето се опкружени со почестиот кружен ореол од 22 степени. Светли, а понекогаш и обоени светлосни дамки на пресеците на кружните ореоли од 22 степени со означените парселени и пархелични лакови се познати и како „месечеви кучиња“ и „сончеви кучиња“. (Забелешка на уредникот: Анотациите се ажурирани од Марчела Паче)

Утрешната слика:: Спроти Сонцето




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy