Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
08 март 2026
Дрвото на поларната светлина
Kredit za video & autorska prava: Alyn Wallace
Објаснување: Да, но може ли вашето дрво да направи вакво нешто? На сликата е прикажана визуелна случајност помеѓу темните гранки на едно блиско дрво и силниот сјај на далечна поларна светлина. Убавината на поларната светлина — заедно со начинот на кој изгледаше како да го имитира дрвото веднаш до неа — толку го маѓепсала фотографот што тој накратко заборавил да фотографира. Кога призорот се гледал од вистински агол, изгледало како ова дрво да има поларна светлина наместо лисја. За среќа, пред поларната светлина да се преобрази во поинаква форма, тој се прибрал и ја фатил оваа восхитувачка, краткотрајна случајност. Обично предизвикани од експлозии на Сонцето, поларните светлини настануваат кога високоенергетски електрони удираат во атмосферата на Земјата на височина од околу 150 километри. Ова необично соработување меѓу Земјата и небото било забележано во март 2017 година на Исланд.
Утрешната слика:: Голем мозок
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин